Обама бара поддршка од Демократите за програмата за здравствено осигурување
05.01.2017 12:32
Од Белата куќа нагласија дека со „Обамакер“ се проширило осигурувањето на дополнителни 20 милиони Американци кои го немале дотогаш.

Барак Обама ги повика демократите во Конгресот да се борат против укинување на неговата реформа на здравствено осигурување, која Доналд Трамп планира да ја укине по инаугурацијата на 20 јануари.
Од Белата куќа нагласија дека со „Обамакер“ се проширило осигурувањето на дополнителни 20 милиони Американци кои го немале дотогаш.
Демократите се во малцинство и во двата дома на Конгресот, па спас гледаат впо поддршката од народот на САД.
