Кина: Верижен судир на замрзнат пат
05.01.2017 13:19
Причина за отежнатото движење во сообраќајот се густата магла и ниските темпреатури...

20 автомобили се уништени во карамбол на замрзнат пат во Кина. Причина за отежнатото движење во сообраќајот се густата магла и ниските темпреатури.
„Првин се судрија два автомобила, а другите возила одзади не успеаја да закочат, па настана хаос.“
„Знам дека овој пат е лизгав, па возев бавно. Видов дека направиле сообраќајка, застанав, и ме удрија и мене“, велат учесници во несреќата.
Сообраќајната полиција ги пренасочува возилата во областа каде што веќе неколку денови има влошени временски услови.
