Украина ѝ забранува влез на Ле Пен

05.01.2017 13:51

Ултрадесничарката тврди дека нема ништо противзаконско во случајот зашто народот на Крим се определил на референдум да и се придружи на Русија.

Украина и забранува влез во државата на претседателската кандидатка во Франција Мари Ле Пен поради поддршката за Русија во однос на анектирањето на Крим од 2014 година.

Ултрадесничарката тврди дека нема ништо противзаконско во случајот зашто народот на Крим се определил на референдум да и се придружи на Русија.

Киев категорично се спротивставува на овој став, а Генералното собрание на ОН го прогласи референдумот за незаконски.