Бренан: Подобрување на односите меѓу САД и Русија
„Искрено се надевам дека во наредните неколку години ќе се подобрат билатералните односи Москва-Вашингтон зашто токму оваа релација е клучна за глобалната стабилност“, изјави директорот на ЦИА, Џон Бренан.

Директорот на ЦИА побара подобрување на односите меѓу САД и Русија, нагласувајќи дека не постои причина за нова Студена војна.
„Искрено се надевам дека во наредните неколку години ќе се подобрат билатералните односи Москва-Вашингтон зашто токму оваа релација е клучна за глобалната стабилност“, изјави директорот на ЦИА, Џон Бренан.
Бренан потсети дека Русија презема многубројни акции кои ги нарушуваат демократските принципи во многу земји. Неколку разузнавачки агенции, меѓу кои и ФБИ ја обвинија официјална Москва за хакирање на електронските пошти на демократскиот штаб на Хилари Клинтон.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата за наводносот руско мешање во трката за Белата куќа.
Администрацијата во заминување на Барак Обама спроведе нова санкција против Кремљ, протерувајќи 35 руски дипломати од федерацијата. Но, неговиот руски колега изјави дека нема да се одмазди на непријателската акција на кабинетот на Обама.
