Ирак: Офанзива за преземање на градовите под контрола на ИД
Ирачката војска почна офанзива за преземање на неколку градови кои сѐ уште се во рацете на џихадистите. Цивилите од Мосул се евакуираат.

Ирачките сили почнаа офанзива за преземање на градовите под контрола на терористичката група Исламска држава во западниот дел од земјата. Операциите се одвиваат во близина до границата со Сирија. Прогрес има и во неколку градови околу Мосул каде што ирачките војници имаат поддршка од коалицијата предводена од САД. Голем број цивили се евакуирани.
„Само среќните си одат одовде. Некои избегаа, некои беа фатени, принудени да се вратат, а некои беа и нападнати со нож.“
„Побегнавме зашто сакавме да сме слободни. Тргнавме напалдне, мостовите не беа нападнати, стигнавме до источната страна. На запад терористите се опасни и брутални. Убиваа и луѓе кај кои наоѓаа сим-картички.“
„Ни ги собираа цигарите, бев на испрашување три-четири пари, плаќав парични казни“, велат евакуираните жители.
Премиерот Хајдер ал-Абади најавуваше целосно ослободување на Мосул до крајот на минатата година, но акцијата е отежната поради тоа што нападот во западниот дел од градот е на самиот почеток.
Мосул е последниот град во Ирак кој се уште го контролираат борците на Исламска држава.
Маја Филдишев
