Учебници по италијански јазик од Директоратот за дипломатска академија
Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа церемонија...

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа церемонија на која беа предадени учебници по италијански јазик на 45 курсисти од Директоратот за дипломатска академија, кои почнаа да посетуваат курсеви по италијански јазик организирани од Комитетот Данте Алигери од Скопје. Оваа иницијатива, како што информираат од Амбасадата на Италија во Скопје, започна во декември 2013 година и ќе продолжи во текот на 2014 година.
- Иницијативата беше промовирана од Италијанската амбасада, а организирана од Комитетот Данте Алигери кој ги стави на располагање своите квалификувани наставници, обезбедувајќи три курсеви од различно ниво наменети за вработените во Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението.
На церемонијата присуствувале министерот за надворешни работи Никола Попоски, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и проф. Анастасија Ѓурчинова, претседател на Комитетот Данте Алигери.
