ОМД: Без мешање во внатрешните работи на Македонија

09.01.2017 10:05

ОМД бара од лидерите на ВМРО-ППМНЕ и СДСМ веднаш да се сретнат и да се согласат за итно спроведување на пописот, осудување на внатрешното мешање на албанскиот премиер за промена на Уставот на земјава...

Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) реагира на платформата на албанските партии во Македонија. Според дијаспората, не е испшочитуван најголемиот христијански празник Божик, кога беше објавена платформата.

ОМД бара од лидерите на ВМРО-ППМНЕ и СДСМ веднаш да се сретнат и да се согласат за итно спроведување на пописот, осудување на внатрешното мешање на албанскиот премиер за промена на Уставот на земјава, јасен став против федерализација и двојазичност, забрана за формирање политички партии по етничка основа, како и повлекување од разговорите за надминувањето на разликите околу името. Ова, според дијаспората претставува предуслов за стабилна Македонија.