Груевски: Составување влада, но не по секоја цена

09.01.2017 10:09

Секој сам носи одлука за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски, и наведува дека, ако ДУИ коалицира со втората, наместо првата партија, тоа ќе биде нова практика и традиција во земјава.

Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за „Дневник“.

Секој сам носи одлука за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски, и наведува дека, ако ДУИ коалицира со втората, наместо првата партија, тоа ќе биде нова практика и традиција во земјава.

Груевски дополнува дека ВМРО-ДПМНЕ набрзо би се вратила на власт, и тогаш не би имала одговорност за коалиција спрема една партија.