Нигерија: Над 20 жртви во напад на Боко Харам

09.01.2017 10:48

Околу 15.000 луѓе се убиени, а над два милиона биле принудени да ги напуштат своите домови, откако Боко Харам пред седум години започна вооружена борба за создавање исламистичка држава во североисточниот дел на Нигерија.

Петмина нигериски војници и над 15 борци на Боко Харам се убиени во напад на исламистичката група врз воена база во североисточниот дел на Нигерија.

Околу 15.000 луѓе се убиени, а над два милиона биле принудени да ги напуштат своите домови, откако Боко Харам пред седум години започна вооружена борба за создавање исламистичка држава во североисточниот дел на Нигерија.

Минатиот месец нигериската армија соопшти дека преземала важен камп на екстремистите во шумата Самбиса, по што Боко Харам изврши неколку самоубиствени напади во Нигерија.