Берлин: Укинување на помош за држави кои нема да примат одбиени азиланти

09.01.2017 12:05

Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.

Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил.

Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезиер рече во изјава за АРД дека „во целост ја подржува таа идеја“.