ЕЛЕМ: Интензивно се работи на третиот блок од РЕК Битола
Проблем за стручните екипи претставуваат екстремно ниските температури. Дел од потребите за електрична енергија, поради зголемената потрошувачка во овој период, се задоволени преку увоз.

Од ЕЛЕМ велат дека интензивно работат на термоелектарната „Битола 3“ и оти најдоцна до раните утрински часови, овој блок на РЕК Битола ќе се биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем.
Проблем за стручните екипи претставуваат екстремно ниските температури. Дел од потребите за електрична енергија, поради зголемената потрошувачка во овој период, се задоволени преку увоз.
АД ЕЛЕМ ги стави во погон сите расположливи капацитети, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија ги обезбеди на слободниот пазар.
Доколку анализите покажат дека е потребно надополнување на потребите преку набавка на електрична енергија, постапката ќе биде спроведена во согласност со сите правила и процедури- велат од компанијата.
