Коцијанчич: ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија

09.01.2017 14:48

Европската комисија, вели портпаролката Коцијанчич, бара брзо формирање на влада, по што би следело и спроведувањето на итните реформски приоритети.

Реакција на Брисел по врачувањето на мандатот на Груевски. Европската комисија, вели портпаролката Коцијанчич, бара брзо формирање на влада, по што би следело и спроведувањето на итните реформски приоритети.

„Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов“, изјави Коцијанчич.