Препораки за заштита од студеното време

09.01.2017 14:54

Не очекуваат студени денови до петок, велат во УХМР, кога според нив треба да настапи покачување на температурите. Од Итната медицинска помош препорачуваат да не се излегува без да е неопходно, топла облека, топли напитоци. Внимавајте на голомразицата, тоа е најчеста причина за скршениците...

Не излегувајте надвор без потреба, конзумирајте топли напитоци, не пијте алкохол - препорачуваат од Комисијата за заштита на здравјето на населението од студеното време. советуваат, внимателно кога се движите надвор, многу лесно може да дојде до повреда или скршеница.

За работодавците се препорачува да воспостават план на дејствување при работа во услови на студ и ниски температури, да се запознаат работниците со опасностите на кои се изложени при работа на отворено и со мерките кои треба да се преземат за заштита на животот и здравјето на работниците. Во екстремно студени услови, да се обезбедат кратки прекини во работата во топли засолништа и да се организира работата во најтоплиот дел од денот. Да се скратат периоди на работа надвор. Според УХМР температура под нулата не очекува и во наредните денови.

Од Комисијата за заштита на здравјето на населението од студеното време апелираат доколку граѓаните забележат лице од ризик, како бездомник или деца на улица, да го пријават на бесплатниот телефон 15 505 за да добие помош.

 

Наташа Јанчиќ