Зоолошка градина: Животните згрижени и на поларни температури
Овие поларни температури се проблем и за самите животни. МТВ беше во Зоолошката градина во главниот град. Таму надлежните прават напори за обезбедување што подобри услови за нив.

На овие минусни температури ретко кој помислува да ја посети скопската Зоолошка градина. Екипата на Македонската телевизија дојде денеска овде, ги посети животните чии природни услови се од тропски до сибирски, а тие весели и разиграни и секогаш расположени за гости.
И на температури под нулата, впечатокот е дека во Зоолошката градина на сите животни им е удобно. Едни на отворено уживаат во снежната идила, а други во затоплени простории, во завосност од пондебјето од кое доаѓаат. Ладното најмногу им пречи на мајмуните, рептилите, кенгурите и на некои видови птици. Потполо бараат и влекачите.
„Температурата се движи од 18 степена кадешто се мајмуните до 32 кадешто се рептилите. Кродкодилите, змиите сакатаат поголеми температури и таму е околу 32 степана, а мајмуните може да живеат и на 16, 17 степена немаат никаков проблем. Имаме животни кои се надвор како што се берберските овци, мечките тие немаат никакви проблеми со температурите. Морските лавови исто немаат проблем можат да се гледаат во било кое време“, вели Сашо Панчев, главен ЗОО неговател.
Подготовките за вакви температури почнуваат од есен, велат од Зоолошката градина.
„Се набавува поголема количина на слама, се прават посебни таблици за исхраната на животните каде што се зголемува количината на храната за да можат животните да го пребродат овој ладен период. Потоа се прават проверки по сите грејни тела во живеалиштата секаде има парно греење, се прават проверки дали работи дали не работи“, изјави Панчев.
Во деновите кога има сонце и е потопло, негувателите ги пуштаат животните надвор. Скопската Зоолошка градина ќе се збогати и со нови жители, пингвини. Се подготвува нивното живеалиште, а се спрема и живеалиште за слон.
Ана Јосифоска- Тодоровска
