СДСМ: Македонија се соочува со недостиг на струја

09.01.2017 15:11

Од партијата сметаат дека за претходните два дена е набавена струја по цена 36 насто повисока од дозволената увозна цена.

Од СДСМ велат- Македонија се соочува со недостиг на струја, па затоа се распишуваат тендери за интервентен увоз. Од партијата сметаат дека за претходните два дена е набавена струја по цена 36 насто повисока од дозволената увозна цена.

Според СДСМ, граѓаните за два дена се оштетени 300 илјади евра, што не би било случај, кога би работеле блоковите на РЕК Битола.