Полни амбуланти, дефекти во водоводната мрежа- студот предизвика проблеми во Прилеп

09.01.2017 15:44

Студот им ги донесе проблемите на Прилепчани. Полни амбуланти и одделенија со пациенти, дефекти во водоводната мрежа, речиси двојно е зголемена потрошувачка на вода. Секое семејство на свој начин се носи со проблемите од студот.

Грип, вирусни заболувања, дефекти, замрзнати воедомери и инсталации. Студот и поларните температури го земаат данокот во секојдневието на прилепчани. Во Итната помош има двојно повеќе интервенции, преку 200 во денот. По стотина прегледи има и на одделенијата во градската болница, а над 30 пациенти се хоспитализирани поради компикации од грип.

Студот предизвика дефекти. Во Центарот за јавно здравје дури испука инсталацијата за греење. Празничниот викенд донесе 80 замрзнати куќни водомери, две села, во Прилепско, Канатларци и Чепигово се без вода и се работи на дефектите. Речиси двојнио е зголемена потрошувачката на вода. Со интервенции на Студенчица има дотур до 440 литри во секунда. Од прилепски водовод предупредуваат

Секое семејство на свој начин излегува на крај со студот и последиците од него. Прилепчани се надеваат дека студот деновиве ќе попушти.

 

Елизабета Митреска