Конкурс со фонд од 4 милиони денари за откуп на скулптури
Конкурсот ќе биде објавен во ноември годинава и ќе трае до крајот на јануари 2015

Министерството за култура ќе ги откупи делата на македонските скулптори кои оствариле врвни резултати. Најдобрите ќе бидат избрани на конкурс што ќе биде распишан во ноември годинавам а ќе заврши догодина. Од буџетот ќе се одвојат по 4 милиони денари.
“Стручна комисија ќе ги вреднува делата кои ќе бидат откупени врз основа на прецизни и јасно утврдени критериуми, ки ќе овозможат избор на дела на автори, потврдени промотори”-истакна Министерката Канческа.
Овој проект треба да ги збогати галериските простори и се очекува да биде поттик македонските уметници да создаваат дела кои ќе го продолжат историскиот континуитет на современото национално македонско творештво.
“Ќе ја стимулира лчиковната уметност, ќе ги стимулира авторите, ќе се збогатат музејските поставки и колекции”-рече професорот и уметник Ибраим Беди
“Неодамна имав ретроспективна изложба 50 години ликовно творење. На таа изложба имав околу 270 скулптури и цртежи од монументален карактер. Сите тие скулптури јас после изложбата си ги вратив дома”, рече уметникот Васил Василев.
Според нашите автори и професори, со организирано и инстутиционално промовирање на салонската скулптура, првпат се вреднува нивниот труд, што не се случило повеќе од три децении.
Aлександра Перевска
