Коловозите со остатоци од снег, се препорачува внимателно возење

10.01.2017 07:58

Забранa за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Како што соопшти АМСМ, поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Забранa за движење на тешки товарни возила е воведена на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.    

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.