Град Скопје: На градските улици и булевари фрлени 250 тони сол

10.01.2017 10:26

Градските власти препорачуваат внимателно возење. Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините...

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.

Градските власти препорачуваат внимателно возење. Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.