Руски дипломат во Атина пронајден мртов

10.01.2017 10:32

Телото на 54-годишниот Андреј Маланин го пронашол службеник во амбасадата кога дошол во неговиот дом. Полицијата во Атина почна истрага за смртта на дипломатот.

Шефот на конзуларното одделение во руската амабсада во Атина е пронајден мртов во својот стан, но засега нема сомневања дека е предизвикана насилна смрт, јавија грчки медиуми.

Телото на 54-годишниот Андреј Маланин го пронашол службеник во амбасадата кога дошол во неговиот дом. Полицијата во Атина почна истрага за смртта на дипломатот.

Полицијата соопшти дека на телото нема видливи рани ниту знаци за насилна смрт.

Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов беше убиен минатиот месец во Анкара од полицаец.