Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти
Случувањата во економијата и политиката, технолошките промени и загубата на лидерството на сад даваат основа за мрачна и тешка иднина, се вели во извештај на Националниот совет за разузнавање. Ваков извештај се објавува на секои четири години, колку што е и претседателскиот мандат.

Владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти и отстапување од демократските вредности, предупредува американското разузнавање.
Случувањата во економијата и политиката, технолошките промени и загубата на лидерството на сад даваат основа за мрачна и тешка иднина, се вели во извештај на Националниот совет за разузнавање. Ваков извештај се објавува на секои четири години, колку што е и претседателскиот мандат.
Годинава во извештајот се опишани предизвици со кои ќе се соочи американската влада, екстремни разлики во приходите, демографски потреси, последици од климатски промени, пораст на конфликти.
