Продолжува чистењето на снегот од градските булевари и улици
На терен се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со - 6 степени целзиусови...

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари.
На терен се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со - 6 степени целзиусови. Изминативе неколку часа екипите на зимската служба на Град Скопје со механизација ги расчистува булеварите и улиците, информираат од Град Скопје.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот. Се апелира на голема внимателност во сообраќајот.
Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.
