Прилеп: Одбележани 120 години од раѓање на Шарло

10.01.2017 15:43

Во Прилеп одбележани 120 години од раѓањето на Меодија Шаторов Шарло, кој според историчарите еден од најконтроверзните дејци во поновата македонска историја, кој сега се рехабилитира. Лани е откриен споменик во центарот на градот, днеска ќе биде промовиртана и книга за него.

Прилеп одбележа 120 години од раѓањето на македонскиот деец Методија Шаторов Шарло. За неговото семејство, Шарло добива заслушено внимание по 75 години талкање низ македонската историја за да ја докаже својата невиност и според нив, неправедното отфлање на неговото дело и личност уште на почетокот на Втората светска војна.

Според сојузот на борците, интернационалниот комунистички деец чие мото било- Единството е најбитно од сѐ, од сегашните и идни генерации со симпозиумите и истражувањата добива исправање на неправдата кон него.

Денеска се промовира книгата за него „Методија Шаторов Шарло- помеѓу чеканот и наковалната“ од историчарот Соња Николова.

 

Елизабета Митреска