Воспитни мерки за трите момчиња што го нападнаа возачот на Итната помош
Воспитни мерки им одреди судот на трите момчиња кои на новогодишната ноќ го нападнаа возачот на Итната медицинска помош.
Првообвинетото момче ќе биде под засилен надзор на социјалните органи, а другите две под родителски надзор. Поради тоа што обвинетите се малолетни, рочиштето се одвиваше зад затворена врата. Во судницата присуствувале и нивните родители. Двете деца го признале делото, третото го негирало. Бранителот е задоволен од пресудата, нема да подигне жалба. Возачот не се појавил на рочиштето.
Наташа Гркова –Петрушевска