По 80 години старата градска болница ќе добие нов лик
Оваа инвестиција е во вредност од 2 милиони евра и претставува дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра.

Во тек е реконструкцијата на стара Градска болница „Свети Наум Охридски“. Оваа инвестиција е во вредност од 2 милиони евра и претставува дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра.
Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“ во која повеќе од 80 години ништо не е променето ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, истакна министерот за здравство Никола Тодоров.
Имаме комплетна темелна реконструкција на внатрешноста односно на собите, ходниците, салите и интезивната нега, а ќе се изградат и тоалети во поголем дел на соби, со што ќе се подобри стандардот на нега и услугата во болницата, рече Тодоров.
Директорката на болницата Јасминка Чабуковска-Радуловска изјави дека во моментов во завршна фаза на реконструкција е третиот кат, а кога градежните работи ќе се префрлат на подолните спратови каде што се операциските сали, Универзитетската клиника по хируршки болести нема да работи три месеци.
Во болницата во 2015 година имало 280 илјади пациенти, а минатата година во „Градска“ помош побарале 316 илјади пациенти.
