Аналитичари: Во преговорите за нова влада, партиите треба да играат со отворени карти

10.01.2017 16:52

Во преговорите за составување на новото парламентарно мнозинство и на новата влада, партиите треба да играат со отворени карти и потранспарентно, велат аналитичари кои ги следат политичките случувања во земјава..Според нив, логично е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се обидат да го состават идниот кабинет како партии кои освоија најголем број пратенички мандати.

Сѐ е работа на договор, не е спорно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја состават новата влада- велат познавачите на политичките состојби со кои разговараше МТВ. Велат дека роковите течат и сметаат дека партиите треба да играат со отворени карти, транспарентно. За Александар Даштевски, легитимитетот го имаат двете партии.

Алберт Муслиу оценува дека ДУИ би требало да е попретпазлива, имајќи ја предвид штетата која ја претрпела на изборите.

Во врска со платформата на дел од албанските партии, Даштевски и Муслиу со став дека некои од барањата се исполнети, но, за некои треба уставни измени.

Даштевски заклучува дека приоритет треба да бидат темите за посилна економија и за животен стандард, додека за Муслиу најважни се реформските процеси.

 

Миле Ристески