Средба на коалицијата „За подобра Македонија“
Главна тема е анализата на изборните резултати. Се сондирале мислења за формирање на новото парламентарно мнозинство и на новата влада. Има различни мислења за платформата која ја понудија дел од албанските партии како услов во преговорачкиот процес.

Анализа на изборните резултати денеска правеа партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се сондирале мислења за формирање на новото парламентарно мнозинство и на новата влада. Има различни мислења за платформата која ја понудија дел од албанските партии како услов во преговорачкиот процес.
Главна тема е анализата на изборните резултати, односно сите претставници на политичките партии ги предочија своите видувања околу ангажманите и резултатите и за сето она што се случи во Република Македонија на денот на изборите. Беа дадени различни идеи како од тука натаму коалицијата да постапува, при што беше потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега како мандатар ја има од коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.
Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски.
