70 камиони заглавени на Евзони, Грција не дозволува влез поради лошите временски услови
11.01.2017 11:48
Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата, соопштува МВР.

Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата, соопштува МВР.
Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од 2:00 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, стои во соопштението од МВР.
