Стартува ракометниот мундијал: Македонското знаме на Триумфалната порта во Париз

11.01.2017 13:05

МТВ ќе го пренесува првенството до 29-ти јануари. Македонија првиот натпревар на мундијалот го игра утре со репрезентацијата на Тунис.

Почнува ракометниот мундијал во Франција. Македонската машка репрезентација по петти пат е на светските првенства. Македонското знаме вчера беше на Триумфалната порта, каде што домаќинот во центарот на Париз ги претстави учесниците на шампионатот.

МТВ ќе го пренесува првенството до 29-ти јануари. Македонија првиот натпревар на мундијалот го игра утре со репрезентацијата на Тунис. Нашите ракометари се веќе во Мец.

Вечер светското првенство го отвораат репрезентациите на Франција и на Бразил.