Снежно невреме во делови од Калифорнија, Невада и Орегон
11.01.2017 16:32
Националната метеоролошка служба предупреди за можни снежни бури и лавини во некои ски-центри, како и за поплави во пониските делови.

Поројни дождови и врнежи од снег погодија делови од американските држави Калифорнија, Невада и Орегон поради што се затворени дел од патишта и училиштата.
Националната метеоролошка служба предупреди за можни снежни бури и лавини во некои ски-центри, како и за поплави во пониските делови.
На неколку места во погодените области се отворени евакуациски центри.
