Јакупи бара список на aлбански
Во Државната изборна комисија (ДИК) денес се случи првата пожолчна расправија околу претседателските избори...

Во Државната изборна комисија (ДИК) денес се случи првата пожолчна расправија околу претседателските избори. Имено, по потпретседателот Субхи Јакупи побара единствениот избирачки список да биде преведен и на албански, на што се спротивстави Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ!
Во странство ќе гласаат 68 илјади Македонци. Ова го заклучи ДИК, потврдувајќи дека дијаспората ќе гласа на 12 април, и тоа првпат откако се избира претседател на државата.
Ќе се гласа во изборните едници 7, 8 и 9, односно Европа, Америка и Австралија, а до 2 март трае евиденцијата и увидот во избирачкиот список на интернет страницата на ДИК.
Нашинците кои што сакаат да гласаат, ќе треба да пополнат пријава, која исто така може да ја отпечатат од сајтот на комисијата.
За гласање ќе треба да покажат валиден биометриски пасош и документ за законски престој во странство.
