Касиљас повторно адут на Реал Мадрид

05.02.2014 15:29

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе го има повторно Икер Касиљас на голот вечерва во полуфиналната куп пресметка со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Иако оваа сезона брани само во ЛШ и во Копа дел реј, искусниот голман ја одржува врвната форма и поставува нови рекорди. Нема примено гол 682 минути со што го собори неговиот претходен рекорд од 518 минути со „чиста“ мрежа. Легендата на „кралевите“ последен пат беше совладан во мечот од ЛШ со Галатасарај на 27. Ноември.

За Реал ова ќе биде голем адут во мадридското дерби а за Атлетико одличен мотив плус. Но, Касиљас е во извонредна серија и во дуелите против градскиот ривал. Дури 15 години Реал Мадрид со него на голот нема пораз од Атлетико Мадрид.

Последен пат горчината на поразот во дербито на престолнината, Касиљас ја почувствувал во 1999-та и тоа кога заастанал на голот како резерва.

Оттогаш, шпанскиот репрезентативец учествувал во 24 мадридски дерби двобои (22 во Примера и 2 во Копа дел реј), и ниту еднаш не го напуштил теренот со наведната глава.

Без него, а со Диего Лопез меѓу стативите, Реал Мадрид ги загуби последните два двобоја со Атлетико Мадрид: Финалето на Копа дел реј минатата сезона и првиот натпревар од оваа.