ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна

12.01.2017 12:27

Отстранет е дефектот во РЕК Битола и електраната работи со полн капацитет. Земјава во најстудените денови, преку 80 насто од потребите ги задоволила од домашно производство.

Електроенергетската состојба во Македонија е стабилна. Потрошувачи ќе добиваат струја навреме, вели директорот Мицкоски. Отстранет е дефектот во РЕК Битола и електраната работи со полн капацитет. Земјава во најстудените денови, преку 80 насто од потребите ги задоволила од домашно производство.

И покрај временските прилики, успеавме навреме да ги испорачаме потребните количини електрична енергија. Граѓаните не треба да се грижат, така ќе биде и во наредните денови, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека заклучно со денеска за увоз на енергија се потрошени два милиона евра, но финансискиот кусок ќе биде многу помал.

Пред нас е поволен период зашто снегот што се топи ќе ја намали цената на струјата во регионот. Ќе има многу евтина енергија напролет, почнувајќи од март, напомена Мицкоски.