Тепачка во турскиот Парламент

12.01.2017 12:34

Пратеничката Фатма Каплан од владејачката партија правда и развој сакала со мобилен телефон да го сними гласањето, што не им се допаднало на пратениците од опозициската партија, порадиш што избила тепачката.

Во турскиот Парламент избила тепачка за време на расправа околу новите уставни овластувања на претседателот. Пратеничката Фатма Каплан од владејачката партија правда и развој сакала со мобилен телефон да го сними гласањето, што не им се допаднало на пратениците од опозициската партија, порадиш што избила тепачката.

Со новите уставни промени се прошируваат овластувањата на претседателот. Со тоа Ердоган ќе може да именува и разрешува министри, да го избира раководството на партиите и да се кандидира уште двапати по пет години.

За промените е потребна поддршката од најмалку 330 од вкупно 500 пратеници во Собранието.