Мониторинг на програмите на регионалните телевизии
Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги со нова опрема ќе врши мониторинг на програмите на регионалните телевизии низ целата држава. Досега гиследеа во живо националните и на регионалните телевизии и радија во Скопје. Ќе се следат 40 телевизии со најголем процент на гледаност. Со мониторингот и на регионалните телевизии се добива еднаков третман на сите субјекти беше истакнато на прес конференцијата.Ќе се намали за 50 проценти бројот на надворешни соработници што ги ангажираше досега регулаторното тело за следење на медиумите во поглед на почитување на Изборниот законик.

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги со нова опрема ќе врши мониторинг на програмите на регионалните телевизии низ целата држава. Досега гиследеа во живо националните и на регионалните телевизии и радија во Скопје. Ќе се следат 40 телевизии со најголем процент на гледаност. Со мониторингот и на регионалните телевизии се добива еднаков третман на сите субјекти беше истакнато на прес конференцијата.Ќе се намали за 50 проценти бројот на надворешни соработници што ги ангажираше досега регулаторното тело за следење на медиумите во поглед на почитување на Изборниот законик. Се очекува нивниот број за овие избори да е 48.
