Турција: Парламентот ги усвои клучните амандмани од уставните реформи

13.01.2017 10:16

Аналитичарите оценуваат дека со ова Турција направила чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем...

Турското големо Народно Собрание ги оодбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декрети и да биде член на политичка партија.

Аналитичарите оценуваат дека со ова Турција направила чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем, со што и правно ќе биде регулирана зајакнатата извршна власт на претседателот Ердоган.