36,4 милиони евра за развојни политики и конкурентност
05.02.2014 15:47
Македонија ќе добие 36,4 милиони евра за развојни политики за конкурентност

Македонија ќе добие 36,4 милиони евра за развојни политики за конкурентност од Меѓународна банка за обнова и развој и Светска банка. Собранието го донесе законот за задолжување. Парите ќе бидат за развој на производство со висока додадаена вредност, олеснување на преструктурирање на земјоделството, подобрување на ефикасност на трговската логистика, воспсоставување на флексибилност на пзараот на труд, развој на вештини и иновации.
„СДСМ ќе биде против оваа задолжување на Владата. Ова задолжување пред избори нема економска целисходност и нема да придонесе за развој на маедконската економија“, вели Маријанчо Николов од СДСМ.
„Кажувате дека кредиот го земаме да ги купуваме граѓаните на изборите, мислам дека уште сега си барате алиби за поразот на изборите“, додаде Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.
Парите ќе можат да се користат од почетокот на јули. Изборите ќе бидат завршени.
„Многу малку од задолжувањата завршува во прокети во дејности во структура на бруто домашен проивзод што ќе донесат профит, додеана вредност и раст од другара страна. Па мислите ли дека некој ќе видаде 36,4 милиони евра или 50 милиони долари за 4 различни работи“, вели Игор Ивановски од СДСМ.
Во изминатите 7 години потенцираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, биле земани заеми и со нив биле реализрани многу прокети.
„Се изгради водовод во Чанаклија, во Васлилево, се решеи деценско прашање за водоснабдување на Кавдарци, се градеа локални и регионали патишта, со вакви прокети се изградија спосртски сали, се решеија деценски прашања со водоводи и фекални канализации“, истакна тој .
Само во економските развојни зони се отворени 5.000 работни места. Годинава ќе има уште 6.000 вработувања, рече Сатврески, а значителниот напредок во конкурентноста и во подобрување на бизнис климата ја намалија невработеноста.
Наташа Јанчиќ
