Голомразица и остатоци од снег на патиштата

13.01.2017 10:56

И натаму отежнато се патува кон дебар и на потегот Гостивар-Кичево поради голомразица на превојот Стража.

АМСМ известува дека од вчеравечер бил блокиран патот Ресен-Битола кај месноста Баир. Целосно е нормализиран сообраќајот на потегот Валандово- Дојран.

И натаму отежнато се патува кон дебар и на потегот Гостивар-Кичево поради голомразица на превојот Стража. АМСМ предупредува- возете внимателно поради ниските температури и остатоците на снегот на патиштата.