Со дефилето под маски напладне почнува Вевчанскиот карневал
13.01.2017 11:03
Локалните власти велат дека сѐ е подготвено за уште еден карневал. Исчистени се улиците во Вевчани, како и патот до местото. Исполнети се и сместувачките капацитети.

Денеска се одржува главната манифестација на карневалот во Вевчани. Маските и овојпат ќе ја покажат целата сатира, што ги отсликува случува случувањата во земјава и во светот.
Локалните власти велат дека сѐ е подготвено за уште еден карневал. Исчистени се улиците во Вевчани, како и патот до местото. Исполнети се и сместувачките капацитети.
Вевчанскиот карневал е 15 вековна традиција, годинава се очекуваат на илјада маски, а гостите ќе бидат пречекани со традиционални специјалитети и греана ракија и вино.
