Распустот продолжен, второто полугодие почнува на 23-ти јануари
Министерството за образование ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести. Изгубените часови ќе се надоместуваат во март и во април.

Грипот го пролонгираше почетокот на второто полугодие од учебната година. Основците и средношколците ќе почнат со наставата на 23-ти јануари, Министерството за образование ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести.
Согласно барањата на училиштата за продолжување на зимскиот распуст и климатските услови, во консултација со Министерството за здравство дека во периодот на распустот, бројот на пациенти со грип е значително намален, донесовме одлука зимскиот распуст да трае една недела подолго, односно наместо на 18-ти, второто полугодие од оваа учебна година да почне на 23-ти јануари, соопштуваат од Министерството.
Изгубените часови ќе се надоместуваат во март и во април.
