ВМРО-ДПМНЕ: Нема промена на Уставот и нема продолжување на мандатот на СЈО
Причините се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на уставниот поредок, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува.

Мултиетничката коалицијата „За подобра Македонија“ составена од 25 партии, предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Причините се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на уставниот поредок, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува.
СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога било кој ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
