Во февруари оценување на Националниот статистички систем
Ќе се врши анализа на усогласеноста на податоците што 85 проценти ги објавува Државниот завод за статистика, односно Народната банка и Министерството за финансии.

Во февруари ќе биде спроведено оценување на Националниот статистички систем во државава. Ќе го реализираат експерти и статистичари од европските институции ангажирани од Евростат.
Ќе се врши анализа на усогласеноста на податоците што 85 проценти ги објавува Државниот завод за статистика, односно Народната банка и Министерството за финансии.
Според првите луѓе на институциите, релевантноста на информациите што ги објавуваат е базирана врз меѓународни дефинирани стандарди. Анализите во целост ги презема Еуростат и ги објавува на официјалната страница.
Целта на оценувањето е да се зајакне капацитетот и да се идентификуват областите за натамошно усогласување.
