ФЗОМ досега додели 10.101 ваучер за ин витро

13.01.2017 14:35

Постапката за ин витро како право првпат е овозможена на товар на Фондот во 2008-ма година, по пат на рефундација на средства, а од 2010 година осигурениците по одобрување од Фондот добиваа ваучери.

ФЗОМ досега додели 10.101 ваучер за ин витро. Осигуреничката од Скопје, која има 43 години, го добила 10.000-от ваучер за ин витро. Постапката за ин витро како право првпат е овозможена на товар на Фондот во 2008-ма година, по пат на рефундација на средства, а од 2010 година осигурениците по одобрување од Фондот добиваа ваучери.

Зголемувањето на бројот на одобрени ваучери е евидентен и за второ дете. Во 2016-та година го имавме одобрено 189 ваучер за второ дете, а во 2015-та година 146. За трето дете годинава го одобривме десетиот ваучер и за четврто дете еден ваучер, информира ФЗОМ.