Доколку САД не ги укине визите, и ЕУ ќе возврати!

05.02.2014 16:08

Европската комисија (ЕК) од САД побарала да го укине визниот режим за граѓаните на ЕУ, на кои се уште им е потребна виза за влез во Америка, а доколку ова не биде решено, тогаш и Унијата  би можела да воведе визи за американските граѓани. На граѓаните на Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска се уште им треба виза за влез во Америка, а освен за САД, на некои граѓани од новите членки на ЕУ им е потребна и виза за Канада.

Новата регулатива на ЕУ, која стапи на сила на 20 декември, од земјите членки бара „заеднички да настапат" по прашањето за визите, особено во оној случај кога другите земји „на различен начин ги третираат граѓаните на ЕУ".

ЕК предупредила дека доколку САД не го реши овој проблем во рок од шест месеци, тогаш ЕУ би можеле да воведе и визи за американските дипломати.