Мичуринска средба по 21-ви пат
13.01.2017 15:14
И овојпат се очекува богата музичка програма, кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум.

Утре е Василица, а вечер се одржува традиционалната Мичуринска средба по 21-ви пат, во паркот во населбата. Предвидена е и детска програма што почнува во 17, а средбата на Мичуринци е закажана за 19 часот.
И овојпат се очекува богата музичка програма, кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум.
Минатогодишниот беше градоначалникот Коце Трајановски, кој за православниот празник Свети Василиј ќе го предаде кумството.
