Препораки за превенција од грип
Болните од грип дома да носат маска, за да не ги разболат домашните. Хронично болните, малите деца, по првите симптоми веднаш да бараат лекарска помош. Покачена телесна температура не значи дека е грип.

Болните од грип да седат дома и да носат маска за да не ги разболат домашните, советуваат лекарите. Хронично болните особено да внимаваат, старите лица, бремените жени, деца до три години по првите симптоми веднаш да бараат лекарска помош. Над 8.000 нови случаи се регистрирани во изминатите седум дена. Лекарите смируваат, високата температура не мора да значи дека станува збор за грип.
Лекарите велат дека грипот ја надминува границата на многу висока активност. 1.300 од новозаболените 8.000 луѓе се деца на училишна возраст. Најмногу болни има во Скопје, Струмица, Битола и во Кавадраци. 70 проценти од заболените се од 15-64 години. Оваа сезона вкупниот број заболени од грип изнесува 23.843. Починаа две деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар.
Според податоците во Европа, активноста на вирусот на грип и натаму се зголемува во сите земји од регионот, а во 7 земји активноста е на многу високо ниво. Процентот од позитивните тестирани примероци оваа недела е 50 проценти и е покачен во однос на претходната недела. Зголемен е бројот и на хоспитализираните пациенти. Во 95 проценти од регистрираните случаи доминира инфлуенца од типот А.
Наташа Јанчиќ
