Формула 1

Конечно и Лотус на светлото на денот

05.02.2014 16:20

Болидот кој изминатите сезони оставаше најсилен впечаток со дизајнот, атрактивниот изглед, а често и со перфомансите останува во историјата, за конечно според најавите новиот адут на тимот на Лотус да биде претставен в петок на патеката во Херез. Не е тајна дека Лотус се соочува со финансиски потешкотии, па во таа насока и доцнеа со конструкцијата на новиот болид.

Не само поради болидот, најавената презентација на Лотус се чини е уште поважна за Рено по дебаклот што производителот на агрегати го имаше на првите претсезонски тестирања во Херез со болидот на Ред Бул.

За изгледот на новиот Лотус засега се шпекулира, особено по најавата за револуционерниот „двоен нос“.