Наменски закуп на државно земјиште поголемо од три хектари
Во Велес, Виница и во Струга под закуп се нудат 180 хектари државно земјоделско земјиште. Огласот е наменски и на овие површини треба да се изградат објекти за примарна обработка на земјоделски производи во рок од четири години.

Под закуп се нудат нови 180 хектари државно земјоделско земјиште. Парцелите се наменети за изградба на објекти за обработка на земјоделските производи во регионите во Велес, Виница и во Струга. Инвестицијата треба да биде завршена во рок од четири години.
Времето на користење на земјиштето ќе биде во зависност од културата која ќе се одгледува и тоа од 15 до 70 години. Во објавените површини најмалата инвестиција на идните корисници ќе треба да изнесува 100.000, а најголемата 300.000 евра.
Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица, кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавен оглас во висина на понудена девет месечна закупнина.
Огласот за закуп тече од 26-ти дември и ќе трае 30 дена, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавње.
Методија Трајков
