Хашим Тачи повика на дијалог и нормализирање на односите со Србија
За Тачи, заканите за војна се неприфатливи, а дијалогот и нормализирањето на односите неопходно. Изрази задоволство од избегнувањето на тензиите по инцидентот со српскиот пропаганден воз кој, според него, велгол илегално на територијата на Косово.

По изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Косово сака војна и дека не се исклучува можноста од испраќање војска на Косово, косовскиот претседател Хашим Тачи ги поистовети изјавите на официјален Белград со оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години.
За Тачи, заканите за војна се неприфатливи, а дијалогот и нормализирањето на односите неопходно. Изрази задоволство од избегнувањето на тензиите по инцидентот со српскиот пропаганден воз кој, според него, велгол илегално на територијата на Косово.
Тензиите меѓу Белград и Приштина дојдоа откако Србија по 18 години се обиде да ја обнови железничката релација Белград- Косовска Митровица.
