На улиците и булеварите во Скопје фрлени 50 тони сол

16.01.2017 10:33

Ангажирани се 100 работници и механизација. Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и го расчистуваат снегот од градските булевари и улици. Фрлени се 50 тони сол. Екипи од јавните претпријатија на работат на расчистување и на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.

Ангажирани се 100 работници и механизација. Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апел и до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.